Фудбалскиот клуб Тотенхем се согласи за трансферот на Савињо од Манчестер Сити. Крилниот напаѓач пристигнува за 75 милиони фунти, плус 10 милиони фунти потенцијални бонуси.
Савињо (22) сега ќе помине медицински прегледи па ќе потпише повеќегодишен договор со Спарс.
Бразилецот беше желба на тимот од Северен Лондон и минатата година, но остана на „Етихад“, и покрај малата минутажа кај Пеп Гвардиола.
Роберто де Зерби со тоа дополнително го засили офанзивниот дел од тимот, откако Матеус Фернандес и Сандро Тонали пристигнаа за вкупно 185 милиони евра.
Тие не застануваат тука, бидејќи на листата на желби е уште еден играч на Сити, Омар Мармуш. Остануваат заинтересирани и за Коди Гакпо од Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
