Тотенхем и без најдобрите е пресилен за Хадерсфилд

Тотенхем славеше убедлив триумф (3-0) над последнопласираниот тим во Премиер – лигата, составот на Хадерсфилд. Хари Кејн и Деле Али се повредени, а менаџерот Маурисио Покетино направи и седум други замени, но и таквиот тим на Тотенхем беше пресилен за Хадерсфилд.

Ванијама го отвори резултатот во 24.минута, а потоа Лукаш Моура постигна хет – трик до крајот на мечот.

Се вчитува...