Тотенхем и петти меч во низа без победа во Премиер – лигата

Тотенхем е непрепознатлив оваа сезона, далеку од европски вицепрвак и не може да победи. Ниту во петтиот меч во низа не успеа да слави во англискиот шампионат. Бод успеа да извлече и Шефилд Јунајтед играјќи 1-1.

Сон Хјонг-мин постигна водечки погодок за Тотенхем во 58.минута, но Џорџ Балдок дваесет минути подоцна успеа да израмни.

Евертон славеше гостинска победа (1-2) против Саутемптон со головите на Дејвис и на Ришарлисон, а Барнли беше убедлив и со 3-0 го доби Вест Хем. Њукасл со 2-1 го совлада Борнмут со головите на Једлин и на Кларк.

 

Се вчитува...