Тотенхем ја одреди цената за Хари Кејн

Хари Кејн се подготвува да ги промени клупските бои по завршувањето на сезонава, а Тотенхем нема да прави проблем и ќе го продаде својот најдобар фудбалер. „Спарси“ сакаат да го задржат најдобриот стрелец во клупската историја, но Кејн летово ќе влезе во последните 12 месеци од договорот и нема намера да потпише нов. Ситуацијата е јасна, Тотенхем мора да го продаде англискиот голгетер во текот на летото или да ризикува тој во јуни 2024 да си замине од клубот како слободен играч.

Британските медиуми јавуваат дека „спарси“ веќе се помириле со судбината дека Кејн ќе си замине, па воедно и ја одредиле цената за големиот ас. Сто милиони евра е сумата што Тотенхем очекува да ја заработи летово од овој мегатрансфер, пари што ќе бидат и повеќе од доволни за да биде ангажирана адекватна замена. Сумата е превисока за играч кој ќе влезе во последните 12 месеци од договорот, но Кејн е доволно квалитетен за да има сериозен интерес за негов трансфер и покрај големата отштета што ја бара Тотенхем.

Баерн Минхен веќе извесно време го следи Англичанецот и можно е да биде испратена понуда, а сумата би можела да се намали со вклучување во понудата на Гнабри, играч кој не се снајде најдобро во тактичките замисли на Нагелсман, но и кој ги фрустрира клупските челници со односот надвор од терените.

Покрај Баерн, заинтересирани за Келн се и челниците на Манчестер Јунајтед и на Челси, кои сакаат да го задржат големиот ас во ПРемиер-лигата.

Се вчитува...