Тотенхем ја прекина серијата порази – совладана Астон Вила

Тотенхем стави крај на серијата од три порази во низа со победа од 2-1 над Астон Вила во седмото коло од Премиерлигата.

Тотенхем го отвори натпреварот преку Хојбјерг во 27. минута, а овој резултат остана на семафорот и на полувремето. Сепак Астон Вила стигна до изнедачување во 67. минута преку Вокткинг, а тритте бода на „петлите“ им ги донесе Лукас во 71. минута од мечот.

Одличен натпревар одиграа и Кристал Палас и Лестер кои ги поделија бодовите (2-2). „Лисиците“ преку Ихеаначо и Варди стигнаа до предност од 2-0 во првото полувреме, но Виера ги погоди измените во вторите 45. минути, а Олис и Шлуп донесоа изедначување со голови во 61. и 72. минута од мечот.

Вест Хем го плати данокот на играње во две превенства откако загуби на домашен терен од Брентфорд со 1-2. Гостите го отворија мечот со голот на Мбеумо во 20. минута, Воуен во 80. минута донесе изедначување за „чекичарите“, а Виса во четврата минута од судиското продолжение донесе три бода за својот тим.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...