Тотенхем ќе ги казни „непослушните“ Аргентинци

Прекинот на јужноамериканската класика помеѓу Бразил и Аргентина одекна во спортската јавност, а и покрај тоа што тензиите полека се смирија, денеска повторно е бурно на „Островот“ околку овој настан.

Имено, како што пренесува угледниот Телеграф, Аргентинците од редовите на Тотенхен, Ло Cелсо и Ромеро по враќањето во Лондон ќе бидат казнети од клубот бидејќи не добиле дозвола за заминување од Велика Британија и приклучување на аргентинската репрезентација. Покрај нив казна ќе сноси и Давинсон Санчез кој без дозвола се приклучи на колумбиската репрезентација.

Телеграф потоа наведува дека Премиерлигата е веќе во контакт со ФИФА и фудбалските федерации за расчистување на случаите пред октомврискиот прозорец со цел повторно да не дојде до вакви немили настани.

Се вчитува...