Тотенхем, конечно, најде нов тренер

Тотенхем конечно ја заврши потрагата по нов тренер откако лондонскиот премиерлигаш постигна договор за ангажман на Пауло Фонсека за свој предводник во новата натпреварувачка сезона. „Спарси“ преговараа со бројни стратези во изминатите месеци, беа одбиени од Нагелсман, Конте и Алегри, за на крајот да се задоволат со Фонсека, стручњак што со реномето е далеку од светската фудбалска елита.

Клучната одлука во преговорите ја одигра новиот директор Паратичи (кој пристигна од Јувентус), седнувајќи на маса и за помалку од еден ден договарајќи ги сите детали со Фонсека. Интересно, овој стручњак ја напушта Рома за да му го препушти своето место на Жозе Мурињо, а во Премиер-лигата се сели во клубот во кој „специјалниот“ беше прв тренер до пред нецели два месеци

Сите детали се веќе средени, а Фонсека во текот на утрешниот ден и официјално ќе потпише тригодишен договор како менаџер на „спарси“. Реномето на доведениот тренер ќе значи и сериозен проблем да се убеди Хари Кејн да остане во Тотенхем, по јасната желба што голгетерот ја изрази да замине во клуб во кој ќе има шанса да освојуваа трофеи.

Се вчитува...