Тотенхем по огромна битка дури по изведување на пенали успеа да слави над Челси и да се пласира во следната рунда од лига-купот на Англија, откако мечот по регуларните 90 минути заврши 1-1. Лампард и неговите избраници имаат за што да жалат бидејќи Челси водеше во голем дел од мечот, но потклекна во самиот финиш, дозволувајќи Ламела да го одведе дуелот во пенал-завршница.
Мечот почна одлично за Челси, откако Тимо Вернер со прецизен удар од петнаесетина метри го совлада Љорис, казнувајќи ја грешката на дебитантот Регилон. „Сините“ имаа повеќе од играта до крајот на полувремето, но Тотенхем заигра многу подобро во вторите 45 минути. Избраниците на Лампард пропуштија шанси да го запечатаат триумфот со промашените шанси на Вернер и на Хадсон Одои, по што казната стигна на спротивната страна кога Ламела во самиот финиш го матираше Менди и го одведе мечот во пенал-рулет.
„Спарси“ во петте обиди беа поуспешни од Менди, а како клучно се покажа промашувањето на Маунт во петтата серија, со што беше означен пласманот на Тотенхем во следната рунда.
Timo Werner has just made his debut as a blues scorer.Great shot from the German striker. Notable about Azpilicueta, who did what he wanted with Reguilón.spurs 0-1 Chelsea.
That of Azpilcueta against Reguilón.What a ride.
pic.twitter.com/9T0SevujlP— Enock Kobina Essel Niccolò Makaveli (@EnockKobina39) September 29, 2020
GOAL ! Lamela scores vs Chelsea. 1-1 pic.twitter.com/GcikbWA981
— OnlyFootballClips (@OnlyFootballCl1) September 29, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА