Тотенхем не може да најде тренер: Арне Слот останува во Феенорд

Потрагата по нов тренер на Тотенхем уште повеќе се искомпликува откако Арне Слот реши да ја одбие понудата на лондонскиот премиерлигаш и да остане во Феенорд.

Трофејниот холандски стручњак беше пред потпис со „спарси“, но откако Феенорд му понуди значително зголемување на платата тој го смени ставот и реши да остане во тимот со кој пред десетина дена се закити со титулата во татковината.

„Прочитав многу шпекулации дека летово ќе си заминам од Феенорд. Сакам да ставам јасно до знаење дека тоа не е вистина, јас останувам во Феенорд, да го продолжиме заедно проектот што се покажа многу успешен сезонава“, изјави Слот за холандските медиуми.

Тотенхем се интересираше и за Маурицио Покетино, но тој реши да се пресели во Челси, додека преговорите со Нагелсман пропаднаа поради инсистирањето на Германецот со себе да донесе и нов спортски директор во клубот.

Се вчитува...