Тотенхем нема намера да го продаде Хари Кејн на ривал од Премиер – лигата

Англискиот премиерлигаш Тотенхем не размислува да го продаде капитенот Хари Кејн на некој од ривалите во Премиер – лигата. Напаѓачот потајно посакува да замине, раководството на клубот одреди отштета од 200 милиони фунти, а како најзаинтересиран во моментот се јавува Манчестер Јунајтед. Сепак, како што тврди „Скај Спорт“, Даниел Леви нема намера да преговара со „црвените ѓаволи“ ниту со било кој друг клуб од англискиот шампионат.

Во една ваква ситуација, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен се клубовите кои се наметнуваат како опции за Хари Кејн. „Кралскиот клуб“ го одложи евентуалниот ангажман на Килијан Мбапе, а би можел да „игра“ и со евентуално враќање на Герет Бејл во Тотенхем, како дел од зделката. ПСЖ ќе остане без Единсон Кавани, можеби и без Мауро Икарди, а има финансиска моќ и во екот на глобалната економска криза да ја исплати бараната сума од Тотенхем.

Се вчитува...