Тотенхем објави: Имавме лажни случаи на коронавирус

Тотенхем ќе наастапи во комплетен состав на денешното гостување против Њукасл откако беше објавено дека позитивните случаи на коронавирус во таборот на „спарси“ всушност биле „лажно позитивни“.

Врз Сон и врз Хил во изминатите 24 часа биле извршени по два нови теста, сите резултати биле негативни, по што двајцата фудбалери добиле зелено светло за настап против Њукасл.

„По бројните медиумски известувања за здравјето на нашите фудбалери, сакаме да ги расчистиме сите дилеми. Согласно протоколите, двајцата фудбалери чии имиња нема да ги објавиме, се вратија како „лажно позитивни“ од своите меѓународни настапи“, објави Тотенхем.

Се вчитува...