Тотенхем потврди: Потпишаа Кулушевски и Бентанкур од Јувентус

Тотенхем по неколкуте неуспешни преговори конечно успеа да договори квалитетни засилувања кои ќе му бидат на располагање на Антонио Конте за вториот дел од сезоната. Двајцата нови играчи доаѓаат од Јувентус, и тоа крилниот офанзивец Дејан Кулушевски и фудбалерот за врска Родриго Бентанкур.

Кулушевски доаѓа на 18-месечна позајмица од Јуве, откако не успеа да се наметне во редовите на „старата дама“ ниту кај Андреа Пирло ниту пак сега во составот на Масимилијано Алегри. Тотенхем ќе има можност да го откупи неговиот договор (ако „спарси“ се пласираат во ЛШ, автоматски ќе бидат принудени на откуп) за дополнителни 35 милиони евра.

Бентнакур пак доаѓа на перманантен трансфер, уругвајскиот играч за врска ќе го чини Тотенхем 25 милиони евра, од кои 19 милиони ќе завршат веднаш на сметката на Јуве, а шестмилиони евра се врзани со исполнување на неколку клаузули. Од оваа сума, 30% ќе заработи Бока Јуниорс, поради клаузулата од продажбата на Бентанкур во Јувентус од пред неколку години.

Се вчитува...