Тотенхем се подготвува за крај на една ера

Тотенхем се подготвува за крај на една ера откако на крајот на сезоната истекува договорот на капитенот Иго Лорис, а очекувањата се дека 35-годишниот голман на француската репрезентација ќе замине од клубот чиј дел е од 2012 година.

„Петлите“ веќе започнаа со барање на адекватна замена. Со таа цел ова лето беше доведен Пјерлуиџи Голин од Аталанта на позајмица до крајот на сезоната со можност за откупување на договорот, но лондонскиот тим не е восхитен од Италијанецот, пренесуваат англиските медиуми.

Сега погледите на Тотенхем се свртени кон вториот голман на англиската репрезентација и играчот на Вест Бром, Сем Џонстон. За услугите на 28-годишникот „петлите“ ќе треба да одвојат околку 20 милиони евра.

Се вчитува...