Тотенхем со аматерски грешки му подари пресврт-победа на Вест Хем… (ВИДЕО)

Тотенхем имаше победа во своите раце во 15. коло од Премиерлигата против Вест Хем, но со аматерски грешки во одбраната дозволи гостите да заминат со триумф од 1-2.

Домашните имаа предност од 1-0 по првото полувреме со голот на Ромеро уште во 11. минута од натпреварот.

Но, во вториот дел најпрво Бовен во 52. минута израмни на 1-1, а потоа по катастрофалната грешка на дефанзивците на Тотенхем, Ворд успеа да погоди во 74. минута за 1-2.

Се вчитува...