Тотенхем со еден ВАР-пенал до три бода против Барнли

Тотенхем многу потешко од очекувањата стигна до триумф над Барнли, славејќи со 1-0 за значајни три бода во трката за четвртото место кое води во Лигата на Шампионите. „Спарси“ не делуваа импресивно како на градското дерби со Арсенал, а до бодовите стигнаа благодарение на пеналот што им беше доделен со ВАР во самиот финиш од првото полувреме.

Иако имаа повеќе од поседот на топката, избраниците на Конте се мачеа да создадат стопроцентна шанса пред голот на Поуп. Барнли ја имаше најубавата можност во првите триесетина минути, но Корне не успеа да го совлада Љорис. Како пресуден се покажа моментот од 49. минута кога еден гостински играч играше со рака во шеснаесетникот, а Кејн рутински го реализираше ударот од белата точка.

Тотенхем ги имаше најубавите шанси во второто полувреме, но Кејн и Сон од идеални позиции не успеаја да го своладаа Поуп, но Барнли немаше сили да ги казни овие промашувања и бодовите останаа за лондонскиот клуб.

Тотенхем сега има два бода повеќе, но и меч повеќе во однос на Арсенал, кој утревечер му гостува на Њукасл во претпоследното коло од Премиер-лигата.

Се вчитува...