Тотенхем со пресврт до триумф над Брајтон за старт на „Боксинг деј“ програмата во Англија (ВИДЕО)

Тотенхем Хотспур со пресврт го совлада Брајтон со 2-1 во првиот натпревар од програмата за „Боксинг деј“ во англиската Премиер лига. Натпреварот почна мирно. Првото возбудување се случи во 24. минута кога Хари Кејн ја затресе мрежата на гостите, но голот беше поништен поради офсајд. Казната следуваше во 37. минута кога Брајтон со голот на Адам Вебстер поведе со 0-1, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел Кејн успеа да изедначи на 1-1 во 53. минута. Целосен пресврт донесе Деле Али во 71. минута по одличната акција која почна од Ериксен, а заврши со Англичанецот.

Со победата Тотенхем се искaчи на 5. позиција на првенствената табела со 29 бода, односно три помалку од четвртопласираниот Челси кој се наоѓа на последното место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...