Тотенхем со второ топ-засилување, и ова е „гратис“

Тотенхем планира да ја остави зад себе разочарувачката сезона во која едвај обезбеди опстанок, па лондонскиот клуб работи напорно на пазарот за да осигура што поквалитетни засилувања за 2026/27. „Спарси“ денеска го претставија и второто големо засилување, откако по Енди Робертсон од Ливерпул, нов член на Тотенхем од денеска е и Маркос Сенеси, аргентинскиот дефанзивец кој пристигнува од редовите на Борнмут.

Сенеси, исто како и Робертсон, доаѓа меѓу „спарси“ без никаква отштета, како слободен играч по истекот на договорот со неговиот доскорешен клуб. За одличниот аргентински дефанзивец се интересираа и челниците на Јувентус, се чинеше дека Сенеси ќе потпише за „црно-белите“ од Торино, но ситуацијата се промени во „пет до дванаесет“, тој го избра Тотенхем и реши да остане во Премиер-лигата.

„Специјално е чувството да станеш фудбалер на Тотенхем. Од првиот момент сите во клубот покажаа колку им значам, колку сакаат да ме доведат во проектот што го градат. Возбуден сум и едвај чекам да почнеме“, изјави Сенеси, кој ќе го носи дресот со број пет во новиот клуб.

Покрај овој фудбалер, „спарси“ ги финишираат преговорите со Ван Хеке од Брајтон, што се погласни се најавите дека Тотенхем летово ќе го продаде својот капитен, аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро за кого сериозен интерес покажува Атлетико Мадрид.

Се вчитува...