Тотенхем тргнува по отпишаниот голгетер на ПСЖ

Тотенхем во зимскиот преоден рок ќе тргне по потписот на Мауро Икарди, пренесуваат англиските медиуми. Аргентинскиот напаѓач е прекуброен во ПСЖ по доаѓањето на Лео Меси и речиси нема шанси да се најде меѓу првите единаесетмина покрај неговиот сонародник, Нејмар и Мбапе.

Икарди кој во минатото ги бранеше боите на Сампдорија и Интер бара излез во главниот град на Франција, а „петлите“ се подготвени да го доведат во своите редови како можна замена за Хари Кејн. Англичанецот кој бараше заминување од лондонскиот тим оваа сезона не игра на претпознатливото ниво и по шест настапи во Премиерлигата сеуште чека на првиот гол.

Икарди три пати во својата кариера ја надминуваше границата од дваесет постигнати погодоци во сезона и со оглед на искуството се очекува да биде одличен трансфер за Тотенхем во потрагата по трофеи.

Се вчитува...