Тотенхем троши како дупка без дно – пак го урива рекордот за најскап трансфер

Тотенхем минатата сезона едвај успеа да се спаси од испаѓање, а управата реши да го награди Роберто де Зерби со „неограничен буџет“ за засилувања во овој преоден рок.

Или барем се чини неограничен, со оглед на потезите што „спарси“ ги повлекуваат на почетокот од летово. Како слободни играчи, но со богати бонуси за потпис беа доведени Робертсон и Сенеси, додека Ван Хеке беше ангажиран со трансфер од Брајтон.

Де Зерби само се загреваше со тие потези, па во текот на вчерашниот ден беше договорен трансферот на Фернандеш од Вест Хем, играч за кого се интересираа и Ливерпул и Манчестер јунајтед, но Тотенхем излезе како победник од трката нудејќи огромни 85 милиони фунти, што е нов клупски рекод на овој тим.

Тој рекорд ќе биде активен само неколку дена бидејќи е јасно дека Де Зерби по секоја цена инсистира на доведување на Сандро Тонали како клучен трансфер за летово. Њукасл одби неколку понуди, но се најавува дека Тотенхем ќе испрати понуда од 100 милиони фунти за италијанскиот плејмејкр да му се приклучи на својот сонародник во таборот на „спарси“.

Тотенхем не планира да застане тука, туку ќе инвестира и во навалната линија, но засега тие преговори се стопирани додека не се официјализираат потписите на Фернандеш и на Тонали.

Се вчитува...