Тотенхем уште помоќен во Скопје: Бејл ќе дебитира со Шкендија

Тотенхем со многу среќа успеа да го мине тимот на Локомотив Пловдив и да се избори за дуел со Шкендија во квалификациите за Лигата на Европа, но лондонскиот клуб ќе биде дополнително засилен за гостувањето во Скопје закажано за 24 септември. Герет Бејл во текот на денешниот ден и официјално ќе потпише договор со „спарси“, по што се очекува тој своето деби за новиот тим да го има токму на дуелот со Шкендија.

Тотенхем в недела му гостува на Саутемптон, но за да може Бејл да биде во комбинација за настап неопходно ќе биде тој да биде регистриран како нов играч на „спарси“ до пладне денеска. Сепак, на Мурињо не му се брза премногу, не сака да ризикува со Велшанецот кој се уште е надвор од натпреварувачки ритам, па затоа многу поголеми се шансите дека Бејл ќе стартува од првата минута против Шкендија, откако веќе ќе има одработено и неколку тренинзи со своите нови соиграчи.

Истото се однесува и за левиот бек Регуилон, кој доаѓа заедно со Бејл „во пакет“ од Реал Мадрид. Тотенхем ионака има страшен тим со Кејн, Сон, Љорис… но со вклучувањето на двете најнови засилувања уште повеќе се отежнува „невозможната мисија“ на Шкендија на овој натпревар.

Се вчитува...