Тотенхем во историска криза: Лани загубил 95 милиони евра, а сега долгот достигнува до една милијарда!

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем објави дека минатата година ја завршил со 95 милиони евра загуба, иако важи за еден од најстабилните премиерлигаши, па ваквите застрашувачки бројки го вклучуваат „алармот“ на „Вајт Харт Лејн“, а сето тоа е предизвикано како ефект од корона-кризата.

Најголем дел од загубите очекувано се должи од продажбата на билети, па Тотенхем целата загуба ја има во тој дел, зашто година претходно имале заработка од 112,3 милиони евра, а за ланската година само 2,3 милиони евра или цели 110 милиони евра помалку.

Бидејќи лондонскиот клуб влезе во џиновски проект со реновирањето на својот стадион, за кој беа потрошени 1,4 милијарди евра, сега клубот се наоѓа во голем минус од 839 милиони евра и е еден од петте најзадолжени клубови на светот, а сѐ поблузу е до милијарда евра долг.

Во клубот очекуваат стабилизација по јуни догодина, но далеку од проекциите што ги имаа пред да избувне глобалната пандемија, па самиот факт дека резултатски не им оди најдобро, па веројатно ќе бидат потребни нови инвестиции во играчкиот кадар.

Се вчитува...