Тотенхем во преговори со Бентанкур од Јувентус

Англискиот премиерлигаш Тотенхем е на добар пат да го ангажира уругвајскиот играч од средниот ред на Јувентус, Родриго Бентанкур и веќе е во преговори со неговите агенти.

Клубот од Торино е подготвен да го продаде играчот за кого се интересираше и Астон Вила, но многу поверојатно е дека Уругваецот ќе заврши во Тотенхем. 24-годишниот Бентанкур се пресели во Јувентус во 2017 година од аргентинската Бока Јуниорс за 15,7 милиони евра. Оваа сезона Уругваецот имаше две асистенции на 19 натпревари во италијанската Серија А. Има и пет натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите и една асистенција.

Договорот на Бентанкур со Јувентус истекува во 2024 година, а Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на играчот на 25 милиони евра.

Се вчитува...