Тотенхем за рекордна сума го продава името на новиот стадион

Премиерлигашот Тотенхем летово го претстави новиот стадион во кој вложи повеќе од милијарда фунти. Името е „Стадион Тотенхем“ бидејќи се уште не е постигнат договор со некоја светска компанија по која би се викал во следните години.

Сопственикот на клубот, Даниел Леви бара неверојатни 25 милиони фунти годишно и договор на 10 до 15 години, сума со која ќе се сруши моменталниот рекорд кој го држи Манчестер Сити на кого Етихад годишно му исплаќа 21,9 милиони фунти.

Сумата од 25 милиони фунти ќе биде и општо најголема во историјата на спортот бидејќи ќе биде срушен и рекордот на „Скотибанк арената“ кој изнесува 24,4 милиони фунти, а во неа своите натпревари ги играат кошаркарскиот и хокеарскиот тим од Торонто.

Се вчитува...