Тотенхем заборави да победува во Премиер-лигата

Секунди го делеа Тотенхем од останување на врвот на Премиер-лигата, но по оној примен гол од Фирмино на дербито со Ливерпул колата на Жозе Мурињо тргна низбрдо во елитното англиско фудбалско друштво.  Следеше пораз на домашен терен од Лестер, а „спарси“ не дојдоа до триумф ниту денеска, ремизирајќи 1-1 на гостувањето против Вулверхемптон.

Ривалот воопшто не беше наивен, но Мурињо и неговите избраници имаат за што да жалат ако се знае дека 85 минути имаа предност на овој меч. Ндомбеле го отвори резултатот со прецизен удар во 58. секунда од мечот, по што „спарси“ наместо да се обидат да дадат втор гол решија да ја чуваат предноста до самиот крај. Вакиот пристап беше казнет во 86. минута, кога Саис одлично се снајде по корнерот на Нето и го матираше Љорис.

Тотенхем со вечерашното реми има 26 бода, шест помалку од лидерот Ливерпул.

Се вчитува...