Тотенхем замената за Лорис ја најде во Брентфорд

Тотенхем се подготвува за крај на една ера во која на голот царуваше Хуго Лорис. 36-годишниот француски репрезентативец има уште една година од договорот со Премиерлигата по што се очекуда да замине од клубот, а неговото место може да го наследи Давид Раја.

Шпанскиот чувар на мрежата кој беше трансфер цел и на Манчстер Јунајтед ги договорил личните услови со Тотенхем и само останува двата англиски тимови да најдат заеднички јазик за износот на трансферот. Брентфорд бара 40 милиони евра, но оваа сума е преголема за лондонскиот состав.

Дваесетиседумгодишниот Раја кој е роден во Барселона е дел од англискиот фудбал уште од 2012 година кога пристигна како младинец во Блекбурн. Во 2019 година реализираше трансфер во Бренторд, а оваа сезона 12 пати ја сочува мрежата недопрена.

Се вчитува...