Тоти ги смени плановите, нема да учи за тренер

Франческо Тоти се уште не може да си го најде вистинското место по завршувањето на фудбалската кариера. На легендарниот фудбалер на Рома веднаш му беше понудено директорско место, што Тоти го прифати, но „десетката“ на „волчицата“ потоа најави дека сака да му се врати на фудбалот како тренер.

Тој дури и се пријави на семинар за добивање на Б лиценца што денеска требаше да почне во Рим, за во последен момент да ги промени своите планови.

Франческо Тоти покажа дека е голем шампион надвор од теренот, исто како на него. Бидејќи не можеше да го посетува курсот во предвиденото темпо, од почит кон колегите и организаторите тој реши да го откаже своето учество. Се надеваме дека ова е само привремено и дека Тоти ќе се посвети на добивањето на тренерска лиценца“ – објави Италијанската Тренерска Асоцијација.

Местото на Тоти на предвидениот семинар ќе му припадне на неговиот поранешен соиграч од Рома, Симоне Перота.

Се вчитува...