Една година откако се одлучи да стави крај на кариерата, Франческо Тоти во разговор за „Ла Република“ конечно проговори и за инцидентот од 2010 година.
Легендата на Рома во мај 2010 година заработи исклучување во поразот на Рома (0-1) од Интер откако со нога го удри тогашниот фудбалер на „нераѕурите“, Марио Балотели.
Сега Тоти порача дека неговата постапка била ужасна, но истакна дека кулминирала откако Балотели со години го навредувал….
„Моето шутирање на Балотели? Провоцираше со години. Не навредуваше и мене и навивачите на Рома. Сето тоа се собираше со години, и експлодирав… Беше тоа ужасна постапка, а единствената цел ми беше да го повредам. Горев од желба да го повредам. Но, знаете што беше уште поинтересно? На мое изненадување, ниту еден од фудбалерите на Интер не ме нападна откако го удрив“ – се потсетува Тоти и дополнува:
„Тоа зборува колку тој не е омилен лик дури и кај соиграчите со кои настапува. Кога го напуштав теренот Мајкон дури и онака тајно ме поздрави, честитајќи. Тоа може да се види и на видео снимките. Се чувствуваше дека Балотели силно ги нервира и соиграчите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА