Тото Волф по само една трка го отпиша Мерцедес од битката за титула во Ф1

Почетокот на новата сезона во Формула 1 шампионатот ја продолжи доминацијата на Ред Бул за нова „еден два“ победа на Макс Ферстапен и Серхио Перез. Возачите на австрискиот тим без многу потешкотии славеа на ГН на Бахраин во трка во која конкурентите Алонсо и Саинз задоцнија по половина минута.

На стазата „Сахира“ е се прослави ни новиот болид на Мерцедес кој имаше многу проблеми со деградација на гумите. Хамилтон и Расел заостана 50, односно 54 секунди зад Ферстапен, нешто што го комениташе првиот човек на тимот Тото Волф кој веќе го отпиша својот тим од битката за шампионска титула.

„После првата трка верувам дека Ред Бул ќе победи на секој трка оваа година. Не можеме да се натпреваруваме со нив оваа сезона“, изјави Волф.

Се вчитува...