Тотре: Сите кои сме во Кипар ќе го дадеме максимумот за да завршиме први во Ц-лигата

Фудбалерот од средниот ред на Шкендија, Енур Тотре е убеден дека македонската селекција ќе одигра нов квалитетен натпревар, сега против Ерменија во последното коло од Лигата на нациите во Никозија, Кипар.

„Не е тајна дека сакаме пласман во Б лигата од Лигата на нации, затоа сите кои сме тука ќе одиграме квалитетен натпревар против Ерменија како би стигнале до посакуваната цел. Г познаваме добро противникот, и ако ги исполниме задачите на селекторот мислам дека можеме до позитивен резултати без разлика на тоа што ни недостасуваат многу играчи“ – изјави Тотре пред тренингот на македонската селекција во Никозија.

Македонија против Ерменија во последното коло од Ц-лигата кој одлучува околу првото место во групата ќе се соочи во среда (18. ноември) од 18 часот.

Се вчитува...