Традиција: Манчестер Јунајтед 85 години произведува првотимци

Манчестер Јунајтед на денешниот натпревар против Вест Хем ќе прослви неверојатна традиција која трае веќе 85 години. „Црвените ѓаволи“ во нив постијано произведуваат првотимци, некои од нив успеваат да се наметнат и да станат светска класа, некои генерации потфрлаат, но англискиот гигант има потпора која ретко кој друг клуб ја има.

Рекорот започнал на 30 октомври 1937 година, кога Том Менли и Џек Волсол го облекле дрес за гостувањето кај Фулам. Од тој момент „црвените ѓаволи“ постојано имале младински играч во својот тим за повеќе од 4.000 последователни мечеви.

„Убавината на 85-годишната серија е нешто што се одвивало природно. Не се работи за вештачка серија или нешто на што сме сметале за да го продолжиме рекордот. Едноставно, така се одвиваат работите во нашиот клуб. Горди сме на нашата историја и свесни сме за задолжението да продлжиме да бидеме иноватори“, вели шефот на академијата на Јунајтед, Ник Кокс.

Се вчитува...