Трагедија: Почина синот на Скоти Пипен

Легендарниот американски кошаркар и член на легендарната генерација на Чикаго Булс предводена од Мајкл Џордан, Скоти Пипен изјави дека неговиот најстар син Aнтрон почина на 33 годишна возраст.

Шесткратниот освојувач на НБА лигата ја објави оваа вест на социјалните мрежи…

„Скршен сум бидејќи вчера се збогував со својот првороден син. Двајцата ја делевме љубовта кон кошарката и имавме многу бројни разговори. Антрон патеше од хронична астма и верувам дека би стигнал во НБА доколку ги немаше тие проблеми. Никогаш не дозволуваше тоа премногу да го погоди и многу сум горд во тоа во каков човек израсна. Прекрасна душа замина прерано. Те сакам сине. Почивај во мир додека не се сретнеме повторно“, напиша Пипен. 

Антрон беше роден на 29. декември 1987 година и беше единственото дете од првиот брак со Карен Меколум од која се разведе во 1990 година.

Се вчитува...