Трагедија во Рим: Фудбалер на Лацио загина во сообраќајна несреќа (ФОТО)

Голема трагедија се случила синоќа во италијанската престолнина Рим, откако 19-годишниот Даниеле Гуерини, плејмејкер и голем талент на Лацио од младинскиот состав на „орлите“ загинал во страшна сообраќајна несреќа.

Според италијанските медиуми, младиот фудбалер загинал на лице место, а двајца сопатници со него се тешко повредени во сообраќајната несреќа откако нивниот „Смарт“ се судрил со „Мерцедес А-класа“, кој бил управуван од 68-годишен Италијанец.

Сударот на двете возила резултирал со смртен исход, а истиот се случил на раскрсница на два булевари. После страшната собраќајка, пожарникарите веднаш пристигнале на терен, па биле приморани да интервенираат за да ги извлечат телата, но младиот фудбалер на Лацио починал на лице место.

Двајцата сопатници со Гуерини со тешки повреди веднаш биле префрлени во болница, но засега нема информации во каква здравствена состојба се наоѓаат. За разлика од нив, возачот на „Мерцедесот“ поиминал со лесни повреди. Инаку, Гуерини беше младински репрезентативец на Италија во селекциите до 15 и 16 години.

 

 

Се вчитува...