Трагедија во Торино – навивач на Јуве починал по хет-трикот на Роналдо

Еуфорично беше на трибините на „Алијанц арена“ во Торино при фантастичниот пресврт на Јувентус на реваншот со Атлетико Мадрид, но преголемата возбуда за жал се покажа кобна за еден навивач на „старата дама“.

Италијанските медиуми информираат дека 40-годишниот Виторио Салвати починал помалку од еден час по завршувањето на натпреварот, во кој Кристијано Роналдо постигна хет-трик. Тој го гледал мечот со својот 11-годишен син, по што се вратил назад во хотелот, каде се пожалил на силна болка во градите. Веднаш била повикана брза помош, но лекарите пристигнале предоцна за да можат да го спасат животот на Виторио.

Се вчитува...