ТРАГЕДИЈА: Застрелан еквадорски атлетичар и олимпиец

Еквадорскиот атлетичар Алекс Кињонез, кој учествуваше во финалето на 200 метри на ОИ во Лондон 2012 година, беше убиен во петокто во градот Гвајакил во југозападниот дел на Еквадор.

Причините за убиството и натаму се истражуваат.

Смртта ја потврди претседател на Спортската федерација Гуајас Роберто Ибањез кој се огласи на Твитер.

„Срцето мие скршено, не можам да ја опишам празнината која ја чувствувам“, напиша Ибањез.

Квињонез бил заедно со негов пријател, и двајцат биле застрелани и тоа четврти ден од вонредната состојба која беше прогласена во Еквадор поради големата стапка на криминал.

Во градот каде што беше застрела Квињонез, во последните денови имало неколку убиства.

Кињонез оваа година не учствуваше на ОИ во Токио, откако спортистот одби да учествува на рутинска допинг контрола. Спортистот поднесе жалба, но казнат абеше потврдена и не беше дел од Токио.

Се вчитува...