Трајковски го намести „нишанот“: Аплаузи од Пандев и Барди за голот од 20 метри… (ВИДЕО)

Александар Трајковски очигледно веќе добро го намести „нишанот“ за натпреварот против Лихтенштајн, барем ако се суди по мајсторијата која ја демонстрираше на денешниот тренинг на националниот тим во Швајцарија.

Трајковски изведе „хируршки прецизен“ шут од 20 метри за кој доби аплаузи од капитенот Горан Пандев и најдобриот изведувач на слободни удари во Европа, Енис Барди… Извонредно од фудбалерот на Палермо. Нема збор. Е, истото ова да го повтори и на дуелот во петок против Лихтенштајн…

 

View this post on Instagram

 

@alextrajkovski8 ??

A post shared by ФудбалскаФедерација-Македонија (@ffmacedonia) on

Се вчитува...