Трајковски го следеше од клупа фестивалот на промашени пенали во Мајорка

Александар Трајковски не доби шанса на мечот меѓу неговата Мајорка и Атлетик Билбао кој заврши без победник 0-0 во 4. коло во шпанската Ла лига.

Првото полувреме беше израмнето, а гостите од Баскија беа за нијанса подобри, но не успеаја да ги искористат своите шанси. Во вториот дел фудбалерите на Мајорка беа подобар противник, бидејќи промашија неколку шанси, а во 83. минута Абдон Пратс не реализираше пенал. Пенал не успеаја да искористат ниту гостите од Баскија, бидејќи Адуриц не успеа да погоди од белата точка во 95. минута. До крајот Алегрија стрелаше за 1-0, но поради офсајд голот беше поништен.

Атлетик Билбао со нерешениот резултат се искачи на втората позиција на првенстваната табела со 8 бода, но и натпревар повеќе од ривалите, додека Мајорка остана 14. со освоени 4 бода.

Се вчитува...