Трајковски и Мајорка немаа среќа на „Месталја“

Валенсија триумфираше со 2-0 над Мајорка, нанесувајќи му го вториот пораз на тимот на нашиот Александар Трајковски. Ситуацијата на „Месталја“ можеше да биде сосема поинаква доколку гостите имаа само малку среќа во првото полувреме, кога при резултат 0-0 двапати ја погодија рамката од голот на Силесен.

Казната стигна во 43. минута, кога Парехо од пенал ја доведе Валенсија во водство, а „лилјаците“ и вториот гол го постигнаа од удар од белата точка, овојпат поради играње на рака на еден гостински фудбалер.

Трајковски влезе во игра во 64. минута, откако неговиот тим веќе беше во негатива од два гола, не успевајќи да го постигне својот прв гол во „Ла Лига“.

Се вчитува...