Трајковски и неговиот пријател Болт: За малку брааат… Глупост е ова да го објават! (ФОТО)

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски, се допишуваше со Јусеин Болт и се исмеваа за една објава во која се споредува брзината на фудбалерот Килијан Мбапе и таа на Јамајчанецот Болт кој е најбрз човек на сите времиња и светски рекордер на 100 и 200 метри.

„За ‘малку‘, брат, хахаха. Мора да се глупави штом објавиле вакво нешто“, му напиша Трајковски на Болт во врска со постот на „4-3-3“ во кој стои дека Мбапе кој е поспор за секунда и половина имал шанси за малку да го урне рекордот на Болт. 

Се вчитува...