Трајковски не можеше да го спречи поразот на Мајорка од Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид оствари сигурна победа (0-2) на гостувањето кај новиот прволигаш Мајорка. Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски влезе во игра во 63.минута, но не можеше да го спречи поразот на својот тим.

Диего Коста ги доведе гостите во водство во 26.минута, а во вториот дел Жоао Феликс постигна втор погодок за потврда на триумфот. Во финишот Атлетико Мадрид остана со играч помалку поради исклучувањето на Алваро Мората.

Со оваа победа Атлетико Мадрид се искачи на првото место на табелата во Ла Лига со 13 освоени бода.

Се вчитува...