Трајковски: Одигравме одлично, заслужено стигнавме до победа

Македонија славеше убедлив триумф над Словачка од 69-47 во претквалификациите за пласман на Светското првенство 2023. Капитенот на репрезентацијата, Бојан Трајковски вели дека одиграле одличен меч и заслужено стигнале до победата.

„Се што се случи првиот натпревар, го поправивме во вториот. Тоа што се договаравме да не го правиме, не го правевме. Игравме без нервоза и без грешки и на крајот заслужено победивме. Како што го заборавивме поразот од првиот натпревар, така ќе ја заборавиме и оваа победа. Имаме уште два меча до крај, мора да бидеме внимателни. Се надевам дека ќе завршиме со тој позитивен скор. Секој натпревар е приказна за себе, ќе се обидеме да бидеме подобри со Швајцарија и да не промашуваме зицери. Сакаме победи и на следните два натпревари“, изјави Бојан Трајковски.

Се вчитува...