Трајковски: Правам се што бара тренерот, голот е само награда

Александар Трајковски доби шанса во првиот тим на Палермо и македонскиот ас веднаш ја оправда довербата, постигнувајќи прекрасен погодок на дуелот со Лече. Нашиот интернационалец беше еден од најдобрите поединци на теренот и заедно со Илија Несторовски сигурно ќе биде главен адут во битката за влез во елитното италијанско фудбалско друштво.

„По пораззот во минатото коло, за нас беше многу важно веднаш да се вратиме на победнички патеки. Мило ми е за довербата што ми ја укажа тренерот, секогаш правам се што бара тој од мене, овој гол беше само награда за вложениот труд. Ситуацијата во клубот е нешто на што не обрнуваме големо внимание бидејќи знаеме дека наша работа е да победуваме на теренот. Целта е јасна, враќање во „Серија А“, доколку продолжиме во вакви игри верувам дека сигурно ќе е вратиме во елитата“ – истакна Трајковски.

Палермо со вчерашниот триумф се наоѓа на второто место на табелата, со два бода помалку и натпревар помалку во однос на лидерот Бреша.

Се вчитува...