Трајковски: Против Ерменија не чека потешка задача, потребна ни е поддршка

Македонската репрезентација попладнево на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го одржа предвидениот тренинг по враќањето од Гибралтар. Нашата селекција со победа од 2-0 ги започна натпреварите од Лигата на нации, па сега в недела од 18 часот на националната арена „Филип Втори“ ја очекува дуелот со Ерменија.

Победивме против Гибралтар на начин на кој веројатно и посакувавме. Не се трошевме премногу, искористивме две шанси во првото полувреме, а тоа беше доволно да го оствариме зацртаното. Ерменија ќе биде потежок дуел, секако, многу посилна селекција од таа на Гибралтар, но ние сме во одлична серија и не мислиме да застанеме. Имаме време за анализа, ќе реализираме три тренинзи во деновите пред натпреварот и сите сме оптимисти дека ќе оствариме позитивен резултат. Поддршка од публиката ќе ни значи многу, се надевам дека ќе ја добиеме“ – истакна напаѓачот Александар Трајковски по денешниот тренинг во Скопје.

Се вчитува...