Трамп: Многу ми е жал за Леброн…, веќе е досаден

Доналд Трамп продолжува да го напаѓа својот „непријател“ Леброн Џејмс, а последниот „удар“ доаѓа од последниот митинг на Американецот пред претседателските избори во САД. Актуелниот претседател одново се осврна на лошиот рејтинг на последното финале во НБА лигата, по што го нападна и четирикратниот шампион.

„Што се случува со кошарката? Што е со Леброн? Многу ми е жал за Леброн. Рејтингот е паднат за 71% и тоа е поради титулата која заврши кај Лејкерс. Немам видено ни еден шут. Досадно е. Кога не ја почитуваат нашата држава, кога не го почитуваат нашето знаме, никој не сака да го гледа тоа“ – изјави Американецот.

По изјавата следеа и овации од присутните симпатизери кои започнаа со викање „Леброн Џејмс е тапа“.

 

Се вчитува...