Велшкиот интернационалец, Герет Бејл би можел да се врати во Тотенхем, пренесуваат британските медиуми. Раководството на лондонскиот клуб направил голем напредок во обидот да го врати Бејл.
Деталите не се договорени, но раководството на Тотенхем се повеќе верува дека може да дојде до посакуваниот трансфер. Реал наводно е подготвен да го пушти Велшанинот, но само за сума која „кралевите“ сметаат дека ќе биде адекватна за неговите услуги. Единствен проблем е само „правата на имиџот“ на Бејл, кој тој ги има продадено на трета страна и доколку англискиот гигант сака да ги добие ќе мора да плати голема сума на пари.
The finer details of a deal have not yet been agreed but there is growing confidence among the #thfc hierarchy that they can sign Gareth Bale today. | @TimesSport pic.twitter.com/1vRXdh5RmY
— Daily Hotspur (@Daily_Hotspur) January 31, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА