Трансфер-бомба од 117 милиони: Сите го видоа во Арсенал, тој потпиша за Челси!

Челси предизвика „земјотрес“ на англискиот фудбалски пазар откако успеа да го договори трансферот на Морган Роџерс, крилниот фудбалер на Астон Вила кој важеше за еден од најпосакуваните играчи во Премиер-лигата летово.

За Роџерс се интересираа и градските ривали Сити и Јунајтед, но се веруваше дека тој ќе се пресели во редовите на шампионот Арсенал. Се споменуваше отштета од 100 милиони фунти, но планот на „топчиите“ падна во вода откако во игра се вклучи Челси, нудејќи огромни 117 милиони фунти.

Очекувано, Астон Вила ја прифати понудата, а „сините“ експресно ги договорија и личните услови со фудбалерот, кој ќе потпише договор до 2032 година.

Роџерс ќе настапи вечерва за Англија на мечот за третото место на СП 2026, а по враќањето на „островот“ тој в понеделник ќе треба да ги мине лекарските прегледи, по што ќе следи и официјален потпис на договорот.

Се вчитува...