Трансфер бомба од Италија: Бејл ја засилува Рома?

Италијанскиот калчолигаш Рома подготвува трансфер бомба со која во своите редови би ја донел „ѕвездата“ на Реал Мадрид, Герет Бејл, пишуваат медиумите во Италија и во Шпанија. Сопственикот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи е блиску до купување на Рома, а наводно на раководните лица во клубот им ветил дека уште во првата сезоната ќе донесе „суперстар“.

Бејл е идеален избор за новиот проект, бидејќи неговиот публицитет на Рома би и донел нова димензија, нешто слично што се слуќи со ПСЖ со доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во 2012 година.

Герет Бејл е на излезна врата од Реал Мадрид, а се очекува „кралевите“ да му дозволат да си замине за 90 милиони евра. Проблем за тимовите во Европа е големата плата која што ја заработува Велшанецот на „Сантијаго Бернабеу“, но и проблемот со повредите кои ги има изминатиот период.

 

Се вчитува...