Трансфер-лудило: За еден ден потрошени над 250 милиони евра

Почетокот на новата година го означи и стартот на трансфер-лудилото, со оглед на фактот дека клубовите ширум Европа повторно имаат зелено светло да носат нови фудбалери.

Јануарскиот преоден рок важи за не премногу атрактивен за врвните екипи, па токму затоа неверојатно делува податокот дека во лигите ширум Европа за само еден ден се свртени над 250 милиони евра. Секако, овие трансфери беа договорени од претходно, а на 1 јануари следеше само официјализацијата, но во секој случај станува збор за импозантна сума, ако се знае дека гигантите најчесто своите буџети ги трошат само во летото.

Рекорд е доаѓањето на Вирџил ван Дајк во Ливерпул за 85 милиони евра, а новата година ја слават навивачите на Атлетико Мадрид, чиј клуб ја одлежа трансфер-забраната и конечно ги доведе Диего Коста и Витоло.

Баерн Минхен доведе резерва за Роберт Левандовски ангажирајќи го Сандро Вагнер од Хофенхајм за 13 милиони евра, додека Севилја го доведе 20-годишниот Гилјерме Арана од Коринтијанс за 11 милиони евра. Сериозно засилување доведе и ПСВ Ајндховен, плаќајќи 10 милиони евра 18-годишниот Максимилијан Ромеро од Велез Сарсфилд.

Од останатите трансфери, Валтер Монтоја од Севилја се пресели во мексикански Круз Азул, потоа Карлос Вела замина од Реал Сосиедад во ЛА галакси, Домагој Вида го замени Динамо Киев со Бешикташ, додека искусниот германски голгеетер од Волфсбург се пресели во Штутгарт за три милиони евра.

Се вчитува...