Трансфер на незадоволните: Харден во Филаделфија, Симонс во Бруклин?

Џејмс Харден повторно се наоѓа во центарот на вниманието во последните часови од преодниот рок во НБА лигата. Бекот кој без многу тимски успех ги носеше дресовите на Оклахома и Хјустон во 2021 година пристигна во Бруклин како дел од големото трио покрај Кевин Дурент и Кајри Ирвинг, но сега се наоѓа на излезните врати.

„Брадата“ не е задоволен од „црно-белите“ и по секоја цена сака да го напушти составот, а на тоа укажуваше неколку месеци наназад. Сепак тој јавно не бара трансфер бидејќи стравува од одговорот на „народот“ со оглед на тоа што Бруклин беше негова желба.

Како опција за ангажман на Харден се јавува Филделфија која сака да се реши од услугите на незадоволниот Бен Симонс, а доколку дојде до ваков трансфер во спротивен правец заедно со „Брадата“ се очекува да заминат и Пети Милс и Брус Браун, додека Бруклин покрај Симонс би ги добил и Сет Кари, Матеус Тајбул и Андре Драмонд.

Се вчитува...