Трансферот кој можеше да ја промени историјата на фудбалот: „Така лесно не излажа…“

Најголемата ѕвезда во преодниот рок во 2003 година, без сомнение, беше Бразилецот Роналдињо кој од ПСЖ се пресели во Барселона и буквално го спаси потонатиот каталонски гигант. Но, малку е познато дека до трансферот дошло буквално во последен момент, откако се било подготвено Бразилецот да се пресели во Манчестер јунајтед.

„Фергусон го реши целиот трансфер. Клубот подготви и свечена промоција, веќе беа подготвени и неговите дресови во Јунајтед со име и број. И потоа Роналдињо буквално во последен момент се премисли и замина во Барселона. Бев бесен на него, затоа што сите ние во Јунајтед со воодушевување чекавме да добиеме таков соиграч. Замислете Роналдињо. Тој требаше да биде Ерик Кантона на нашата генерација. Бевме навистина возбудени. Но, не изигра и замина во Барселона. Неколку дена подоцна игравме против нив пријателски натпревар. Сите бевме гневни на него и во секој дуел со удирање сакавме да му се осветиме што така лесно не излажа“ – вели Пол Сколс.

А, револтот на фудбалерите на Манчестер јунајтед потоа се покажа оправдан затоа што Роналдињо покажа без каков играч останаа. Роналдињо ја препороди Барселона, а Манчестер јунајтед остана да жали.

Се вчитува...