Трансферот на Вернер во Челси ќе мора да почека поради Ковид-19

Медиумите во Европа пред неколку дена ја пренесоа веста дека Тимо Вернер е нов фудбалер на Челси. Вернер го договори трансферот во лондонскиот клуб за кој тимот на Ред Бул Лајпциг ќе му исплати 60 милиони евра.

Сепак, трансферот на младиот Германец е се уште на чекање, а виновник за тоа е пандемијата од коронавирусот. Тој поради рестрикциите кои се воведени од Ковид-19 не може да ги заврши лекарските прегледи на „Стемфорд Бриџ“. Затоа трансферот се уште не е завршен и ќе мора да се почека да се смири ситуацијата во Европа за тој да може и официјално да стане нов фудбалер на Челси.

Вернер има одлична сезона во Лајпциг. Забележа 41 настап за бундеслигашот на кој постигна 31 гол и имаше 13 асистенции.

Се вчитува...